ПОЧЕТНА ЕВРОПА Лажна вест за смрт на екс-играч на Партизан ја потресе Србија

Лажна вест за смрт на екс-играч на Партизан ја потресе Србија

сподели

Навивачите на поранешниот европски првак веќе се простија со својот некогашен миленик кога од САД стигна демант за неговото, наводно, загинување.

Се работи за Милт Паласио кој во Партизан играше една сезона (2007/08) и потоа уште неколку недели во 2009 година, но остана во прекрасни сеќавања кај фановите кои се него зборуваат како за Лестер Бо МекКејлеб. Во текот на денот од Канада излезе информација дека кошаркарот од Белизе, а кој има и американско државајнство, загинал во сообраќајна несреќа.

Наводно, тој им подлегнал на повредите откако бил прегазен од автомобил Хонда Сиик, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.

„Информациите не се точни, зборувавме со Милт и тој се чувствува одлично“, изјави портпаролката на Бруклин Нетс, Меган Волш.

Паласио ја заврши играчката кариера во 2013 година во Лиетувос Ритас, оттогаш работи како тренер, а во моментов е помошник во членот на Г-лигата, Лонг Ајленд, филијала на Бруклин Нетс.