Се плашевме и потајно посакувавме, но по само 10 минути ни беше јасно дека нашата иднина е светла. Македонија ја прегази селекцијата на Естонија во првиот елиминациски дуел на Б европското првенство и најави битка за пласман во А дивизијата.

Најдобрите три селекции од шампионатот во романскиот град Орадеа, ќе се пласираат во елитното друштво. Овој спектакуларен триумф против Естонците мора да се материјализира со уште една победа, во полуфиналето или во мечот за третото место, којашто не води во посилната конкуренција.

По неверојатните 30:6 во првата четвртина, беше јасно кој ќе биде победник на мечот меѓу нашата и северноевропската репрезентација. На полувремето беше 58:32, на крајот на третиот период беше 77:40. Конечните 92:57 се демонстрација на стабилност, квалитет и зрелост.
БРАВО ЈУНИОРИ! БРАВО!!!