ПОЧЕТНА Некатегоризирана ЛАВАР БОЛ: Најлош потег во историјата на Лејкерс! ШЕК: Втор најлош!

ЛАВАР БОЛ: Најлош потег во историјата на Лејкерс! ШЕК: Втор најлош!

сподели
golfdigest.com

Трејдот меѓу тимот од Лос Анџелес и Њу Орлеанс Пеликанс, во кој се вклучени четворица кошаркари, е топ-тема во НБА лигата и веројатно ќе биде така и во следниот период.

Еден од тројцата кошаркари од кои се откажаа Лејкерс, е Лонѕо Бол, вториот пик на драфтот во 2017 година, кому му се предвидуваше блескава иднина. Неговиот контроверзен татко, веднаш, во свој стил, го нападна калифорнискиот тим.

„Гарантирам дека ова ќе биде најлошиот потег кој што го направиле Лејкерс во историјата и дека никогаш веќе нема да освојат титула“, изјави Лавар Бол, откако дозна за трејдот.

Шекил О’Нил, исто така во свој стил, му одговори: Втор најлош!

Алузијата е јасна: Лејкерс во 2004 година се откажаа од Шек и му дозволија да си замине, за во екипата да остане Коби Брајант. Оттогаш поминаа 15 години, а оваа франшиза освои “само” две шампионски титули (2009, 2010) во три одиграни финалиња (2008).