ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ласо го прочита Обрадовиќ

Ласо го прочита Обрадовиќ

сподели
euroleague.net

Кошарка не се игра без класичен центар, а таквата констелација ја искористи шпанскиот шампион да го победи турскиот вицепрвак, со 81:77 во првото евролигашко коло од новата сезона.

Обидите на најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ да компензира за отсуството на високите играчи, со преземање и удвојување, не вродија со плод и беа сурово казнувани од Пабло Ласо.

Поставени беа константни мисмечеви под кошот на Фенер, финализирани со повратни топки од центрите за бековите што резултира со „лесни“ поени во рекетот кои на крајот пресудија.