ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Лејкерс се подготвени за титулата – го имаат Кралот!

(ВИДЕО) Лејкерс се подготвени за титулата – го имаат Кралот!

сподели

По пауза од речиси пет месеци, се врати НБА лигата и тоа со два натпревара од кои едниот – дерби на Лос Анџелес.

Победија Лејкерс со 103:101, благодарение на кошот за триумф на Леброн Џејмс на 13 секунди пред крајот, но и на Ентони Дејвис кој беше најефикасен со 34 поени. Кралот се истакна и во одбраната во последниот напад на Клиперс кога прво го запре Кавај Ленард, а потоа го презеде Пол Џорџ и го натера на шут од лоша позиција со истекот на времето.

Леброн постигна 16 поени и 11 скока. Во противничката екипа Џорџ заврши со 30, а Ленард со 28 поени.