ПОЧЕТНА СВЕТ ЛА може да ги загуби ѕвездите во следните две сезони?

ЛА може да ги загуби ѕвездите во следните две сезони?

сподели
SB Sun

Двете франшизи од Градот на ангелите се наполнија со потенцијал за освојување на титулата, но коронавирусот ги спречи да ни го приредат можеби најспектакуларното соочување во историјата на НБА плеј-офот.

Можно беше да ги гледаме Лејкерс и Клиперс во западна пресметка, што се уште не е исклучено, но ако се случи тоа ќе биде во земјата на чудата Дизниленд, во форма која не може да ја пружи вистинската возбуда.

НБА сезоната ќе заврши во ресортот на Волт Дизни во близината на Орландо, на Флорида, а ова е списокот на ѕвездите што може да ја сменат средината во наредните две сезони, кога им истекуваат договорите:

  1. Леброн Џејмс (Лејкерс) – 2021 (опција на играчот)
  2. Ентони Дејвис (Лејкерс) – 2020 (опција на играчот)
  3. Кајл Кузма (Лејкерс) – 2021 (може да го задржат ако ја изедначат евентуалната понуда)
  4. Каваи Ленард (Клиперс) – 2021 (опција на играчот)
  5. Пол Џорџ (Клиперс) – 2021 (опција на играчот)

Дел од овие имиња или евентуално сите кошаркари може да заминат или да бидат трејдувани пред истекот на договорите, без да гледаме вистинска голема градска пресметка во Стејплс центарот, кој анајверојатно би го дала и НБА шампионот.