ПОЧЕТНА АБА Кузмиќ втор, Џенкинс трет пат во Звезда

Кузмиќ втор, Џенкинс трет пат во Звезда

сподели
фото: superkosarka.com

Враќањето во Евролигата го направи АБА шампионот поатрактивен дури и за своите поранешни кошаркари кои сега полека се враќаат во составот.

Огњен Кузмиќ по две години го напушти Реал каде поради тешката повреда на коленото не се изнаигра многу. Тој веќе го носеше дресот на белградскиот клуб во сезоната 2016/17 и ова ќе биде негов втор престој во него.

Иако Звезда уште не потврдила, српските медиуми тврдат дека се враќа и американскиот плејмејкер Чарлс Џенкинс. Ако тоа е вистина, тој по трет пат ќе го облече црвено-белиот дрес кој го носеше од 2013 до 2015 и потоа во сезоната 2016/17.

Звезда претходно се засили само со Дерик Браун, но ги продолжи договорите со Берон, Перпероглу, Фаје, Симаниќ и Лазиќ. Медиумите тврдат дека е испратена понуда до кошаркарот на Панатинаикос, Џејмс Гист, но нема официјална потврда.