ПОЧЕТНА ЕВРОПА Кузмиќ успешно опериран, се уште во кома

Кузмиќ успешно опериран, се уште во кома

сподели
фото: mondo.rs

Со операцијата извршена во главниот град на Србија, на центарот на Црвена звезда му се корегирани сите повреди што ги имал на лицето и на градниот кош, по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа кај Бања Лука.

Оперативниот зафат бил неопходен, а од КК Црвена звезда изјавуваат дека состојбата на играчот е стабилна, иако тој се уште се наоѓа во вештачка кома. Корегирани се горната вилица и повредите на лицето, се е вратено во нормала.

Сега, Огњен Кузмиќ повторно може слободно да дише. Лечењето во Белград се одвива според прогнозите на лекарите, кои што велат дека ситуацијата полека се нормализира.