ПОЧЕТНА Во позадина Кузмиќ преживеа, ама може да оди во затвор

Кузмиќ преживеа, ама може да оди во затвор

сподели

Српскиот репрезентативец и повратник во редовите на Црвена Звезда ќе мора да одговара пред правосудните органи кога дефинитивно ќе заздрави по тешките повреди од сообраќајната несреќа.

Во моментов трае вештачењето за тоа дали во алкохолизирана состојба го возел автомобилот Порше Кајен на 14 јули кај селото Рамичи со кој предизвика судир со БМВ при што, за среќа, немаше жртви.

Ако се утврди дека Огњен Кузмиќ бил пијан, може да биде осуден на затворска казна меѓу една и осум години.