ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Кумановска“ колонија во ФМП!?

„Кумановска“ колонија во ФМП!?

сподели
Лука Петровски

Заедно со тренерот Александар Петровиќ, во прволигашот од Кисела Вода најверојатно ќе дојдат уште двајца кошаркари од неговиот поранешен клуб.

Basketball.mk неофицијално дознава дека пред трансфер во Академија ФМП се Лука Петровски и Теодор Атанасов. Преговорите со Петровски, наводно, се во завршна фаза, додека Атанасов побарал уште еден ден да размисли дали ќе остане во Куманово или ќе се пресели во Скопје.

Петровски има 23 години и веќе долго прволигашко искуство во екипите на Струмица, МЗТ Скопје, Работнички, Карпош Соколи и Куманово, а краток период помина и во албанскиот тим Тирана.

Теодор Атанасов

Атанасов минатото лето беше пред договор со Работнички, но поради неможноста тогаш да извади македонски државјанство, замина во Куманово. Подготовките ги помина со најтрофејниот македонски клуб, беше и на турнир во Романија каде остави одличен впечаток, но Работнички не сакаше да пополни едно место за странец и одлучи да ја прекине соработката.

Во Куманово беше еден од најдобрите играчи, имаше најдобар шут од поле во цела лига (59,26%) и четврти за два поена (66,67%).