ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово прави силен тим, ама мисли и на иднината

Куманово прави силен тим, ама мисли и на иднината

сподели

Додека ги очекува последните две засилувања за новата сезона, поранешниот вицешампион промовира четворица младинци од својата школа во првиот тим.

Сите се на возраст меѓу 17 и 18 години и, како што најавуваат од клубот, на секој натпревар барем двајца од нив би требало да бидат меѓу 12-темина во конкуренција за настап. Станува збор за Милош Јовановиќ, Лука Димитриевски, Матеј Антевски и Душан Аврамовски.

Куманово досега донесе четири засилувања во својата екипа: Џош Селби, Хулио Гуити, Стеван Глигоријевиќ и Дамјан Робев, а го задржа костурот на тимот од минатата сезона, со исклучок на Марјан Јанески кој се пресели во Гостивар и Теодор Атанасов во Академија ФМП.