ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово не признава фаворити!

Куманово не признава фаворити!

сподели
фото: kumanovskimuabeti.mk

По дополнителни пет минути, поранешниот вицешампион дојде до уште победа во дерби дуелите од домашното првенство. Го совлада забревтаниот Еуроникел со 86:85 и потврди дека дури и со изменет тим има квалитет за високи дострели.

Куманово имаше можност да го реши прашањето околу победникот и во основните 40 минути, имаше предност од 13 поени разлика, а пред крајот на регуларниот дел пропушти два шута за победа. Клучните четири поени во продолжението ги постигна Младеновиќ кој повторно излезе херој на својот тим.

Искусниот плејмејкер заврши со 23 поени и 10 асистенции, а уште Јанески и Атанасов го завршија натпреварот со дабл-дабл. Марзет беше најдобар во кавадаречкиот тим со 19 поени.