ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Куманово избегна изненадување во Скопје

Куманово избегна изненадување во Скопје

сподели

Натпревар со многу пресврти одиграа Академија ФМП и Куманово во второто коло од Првата лига. На крајот се радуваа гостите кои победија со 80:93 иако и дебитантот во елитата имаше свои шанси да дојде до триумфот.

Својот прв натпревар го одигра новото засилување за ФМП, Роналд Херис кој постигна 29 поени. Во третото коло скопскиот прволигаш гостува кај Пелистер, а Куманово го пречекува Работнички.