ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кумановци први го затворија ростерот за новата сезона

Кумановци први го затворија ростерот за новата сезона

сподели

Со три странски и вкупно пет засилувања, поранешниот вицешампион на Македонија означи крај на административните активности и го очекува почетокот на подготовките за новата сезона. Потписот на повратникот во екипата Александар Андрејевиќ е последен за овој период по што и раководството на клубот може да одмори пред следните активности.

Со тоа Куманово стана првиот тим во македонската Прва лига која го комплетира ростерот за новата сезона. До нејзиниот почеток е можно само да си замине некој од сегашните кошаркари со оглед на тоа што составот на Владимир Мирковски е пополнет со 2-3 кошаркари на секоја позиција, а за дел од играчите постои интерес од други клубови. На искусните првотимци им се додадени и четворица кошаркари од младинскиот погон што не се случувало често во тимот на Куманово.

Од екипата си заминаа Марјан Јанески и Теодор Атанасов, а дојдоа Дамјан Робев, Стеван Глигоријевиќ, Џош Селби, Хулио Гуити и Александар Андрејевиќ. Останаа Марковски, Двојаковски, Цветковски, Стојановски, Миса и Тодоровиќ.

Подготовките за новата сезона екипата планира да ги почне на 15 август. Со оглед на ситуацијата со корона вирусот ќе се тренира во градот, но ако дозволат условите, не е исклучено планот да се смени и екипите да се пресели во Берово.