ПОЧЕТНА СВЕТ Куќата на славните го одложи приемот на класата 2020

Куќата на славните го одложи приемот на класата 2020

сподели

На Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет кои се меѓу имињата што требаше на крајот на август, а потоа и на вториот предложен датум во октомври да влезат во алејата на великаните на Џејмс Најсмит, церемонијата ќе им биде одложена до 2021.

Вака реши Бордот на „Куќата на славните – Џејмс Најсмит“ на чело со претседавачот Џери Коланџело, а причина е пандемијата коронавирус. Најверојатно, приемот ќе се случи на пролет следната година, што ќе биде решено на состанок на 10-ти јуни.