ПОЧЕТНА Во позадина Крвта не е вода – нашата петорка на славни презимиња!

Крвта не е вода – нашата петорка на славни презимиња!

сподели
Теодор Симиќ

Наследниците на нашите кошаркари кои што во минатото оставиле белег во македонската кошарка, полека стапуваат на сцена. Генерациски, најмногу ги има во селекцијата до 16 години.

Михаил и Петар Наумоски – Instagram

Михаил е син на Петар Наумоски, Теодор на Тони Симиќ, Дино на Душан Боцевски, а Паоло и Карло се близнаците на Перо Блажевски.

Петорката на славните презимиња:

Теодор Симиќ
Дино Боцевски
Михаил Наумоски
Паоло Блажевски
Карло Блажевски

За нас, најважно е овие деца правилно да се развиваат и да сакаат да играат за нашата репрезентација, за својата земја, да не дозволиме другите да се обидат или да ни ги украдат талентите, затоа што ги немаме многу.

Паоло и Карло Блажевски – Facebook

Ако имаат и малку од карактерот и квалитетите на родителите, на овие момчиња им претстои светла иднина пред се затоа што има кој да им го покаже патот, за разлика од нивните родители кои што главно самите го пробиваа мразот.

Ирина, Дино и Душан Боцевски на улица „Кнез Михајлова“ во Белград – Facebook.

Но, да се стигне до височините, треба многу да се работи. Познатите спортски стручњаци имаат и користат една фраза, која што е милион пати докажана – ИМИЊАТА НЕ ИГРААТ!!!