ПОЧЕТНА СВЕТ Крвави ќе бидат квалификациите за Токио: Дончиќ против Србија!?

Крвави ќе бидат квалификациите за Токио: Дончиќ против Србија!?

сподели
Дончиќ за време на финалната пресметка со Србите во 2017 година...

На пет дена пред ждрепката за Олимписките квалификации, ФИБА ги одреди шеширите во кои ќе се најдат 24-те репрезентации учеснички.

Носители се Србија, Грција, Литванија и Русија, селекцијата на Хрватска е во третиот шешир, но ќе биде домаќин на еден од турнирите што значи дека не може да игра против Србија. Во истиот ранг е и актуелниот европски првак, па можно е Словенија да се најде во групата во Белград.

Тоа не е поволно сценарио за Србите, како ни за Словенија, но сигурно ќе биде спектакл за неутралните љубители на кошарката кои ќе можат да проследат реприза на финалето од последното Европско првенство.

Ждрепката ќе се одржи на 27 ноември во седиштето на ФИБА, а квалификациските турнири се на програмата од 23 до 28 јуни 2020 година во четири града: Виторија (Канада), Сплит (Хрватска), Каунас (Литванија) и Белград (Србија). На Олимписките игри се пласираат само победниците од групите.