ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КРСТЕВСКИ: Работиме добро, на прав пат сме, кога се создава тим со...

КРСТЕВСКИ: Работиме добро, на прав пат сме, кога се создава тим со 14 млади играчи треба многу трпение

сподели
фото: Александар Ристовски

Стратегот на МЗТ2 е свесен за квалитетите на неговата екипа, за моменталниот распоред на силите во првата лига и за рецептот по кој треба да се движи овој нов проект, затоа и констатира дека премиерата на „младинската“ екипа од Аеродром, е сосема очекувана.

„Дојдовме да учиме и да напредуваме во секој нов натпревар. Се држевме 27 минути против екипа со највисоки цели, освојување на титулата. Честитки до противникот за заслужената победа. На сите натпревари сезонава, ќе играме против фаворити.

фото: Александар Ристовски

За нас е добро што одигравме одлично, целта ни беше да го натераме противникот да игра долго со најдобриот состав. Малку бевме импресионирани и направивме почетнички грешки, имавме 22 слободни во првиот дел од кои промашивме 14.“, рече Крстевски за basketball.mk.

МЗТ2 загуби на гостувањето кај Работнички со 103:58, играше добро скоро три четвртини и беше во резултатски приклучок, но искуството и квалитетот на Работнички се неспоредливо повисоки од оние на неискусниот противник.