ПОЧЕТНА ЕВРОПА Кралски дебакл!

Кралски дебакл!

сподели

Реал Мадрид е пред елиминација на завршниот турнир од АЦБ лигата, по сензационалниот пораз од Андора со 91:75 во четвртото коло.

Актуелниот шампион не „доби“ ниедна четвртина, а на средина од последниот период имаше негатива и од 20 поени разлика (83:63). Освен Факундо Кампацо, кој постигна 18 поени, немаше други расположени играчи во составот на мадридскиот тим. Тејлор за 16 минути не постигна ниеден поен, а шутна само два пати, Дек, кој беше меѓу најдобрите на претходниот меч со Валенсија, реализира шест поени за 23 минути, а без посериозен ефект беа и Љуљ и Томпкинс.

Кај Андора блескаше Кевин Хана кој постигна 23 поени, а во листата на стрелците, од оние што се појавија на теренот, не се запиша само Алексис Бартоломе.

Реал сега е во многу неповолна ситуација и зависи од резултатите на другите екипи. Во последното коло игра против аутсајдерот Сарагоса, но ако вечерва Валенсија го победи Бургос, тоа многу веројатно ќе значи елиминација за бранителот на титулата.