ПОЧЕТНА ЕВРОПА „Кралот“ се изгуби во Истанбул

„Кралот“ се изгуби во Истанбул

сподели

Ужасно второ полувреме одигра десеткратниот европски шампион на гостувањето кај Анадолу Ефес. По 20 минути водеше со 29:31, но во продолжение доби кошаркарска лекција и загуби со 76:60.

Пред 15 илјади гледачи најефикасни беа Брајан Данстон и Крунослав Симон со по 18 поени, а Серхио Љуљ го предводеше Реал со 13. Гостите имаа катастрофален шут за два поена – само седум погодени удари од вкупно 30.