ПОЧЕТНА Некатегоризирана „Кралевите“ знаат што е добро, но да не задоцнија малку?

„Кралевите“ знаат што е добро, но да не задоцнија малку?

сподели
FIBA

Актуелниот шампион и најтрофеен клуб во АЦБ и Евролигата си постави пред себе амбициозна цел, на десетина дена пред стартот на новата сезона.

По одличниот настап на Светското првенство во Кина, Реал Мадрид сака да го донесе во своите редови аргентинскиот ветеран Луис Скола кој беше избран и во идеалната петорка на шампионатот.

По Мундобаскетот, Скола остана во Кина бидејќи е член на Шангај Шаркс, но доби неколку дена одмор кои ги минува со своето семејство. Шпанските медиуми тврдат дека контакти имало уште пред почетокот на првенството, но без конкретен заклучок. Освен од Реал, 39-годишниот ветеран има понуди и од татковината, а и од Басконија каде помина девет години од својата кариера.

Скола додека играше во тимот на Басконија

Ако преговорите завршат успешно Скола ќе стане четврти Аргентинец во редовите на Реал Мадрид по Кампацо, Дек и Лапровитола, но се чини дека „кралскиот клуб“ малку задоцни. Спортскиот директор на Реал, Хуан Карлос Санчес призна дека сакал да го ангажира крилниот центар и пред пет години и веројатно тогаш ќе беше многу подобро отколку сега да дојде до соработка.

Со 39 години тешко дека Скола ќе го издржи напорниот ритам од околу 90 натпревари во сезоната и играње на секои три дена, напорни патувања и борба со многу помлади кошаркари. Освен тоа, Скола истакна дека сака да биде максимално подготвен за Олимписките игри во Токио идното лето, а за да игра како на Светското првенство му се потребни најмалку два месеца подготовки.