ПОЧЕТНА ЕВРОПА Крај на сезоната во Евролигата и Еврокупот!

Крај на сезоната во Евролигата и Еврокупот!

сподели
Fanatik

Првиот човек на елитните европски кошаркарски натпреварувања Жорди Бертомеу предложил, а учесниците прифатија да не се доигра остатокот од сезоната.

Како главна причина за тоа е посочен стравот за здравјето на кошаркарите и членовите на екипите кои учествуваат во Евролигата и Еврокупот. Претставниците на играчите пред два дена објавија дека се против продолжување на сезоната.

За играње беа само четири клуба: Барселона, Реал, Анадолу Ефес и Фенербахче, а пет беа против. Во моментот на прекин на сезоната поради корона вирусот, останаа да се доиграат уште шест кола од Евролигата, а во Еврокупот требаше да почне четвртфиналната фаза.