ПОЧЕТНА ЕВРОПА Крај на серијата на ПАО, Барса го држи чекорот со врвот

Крај на серијата на ПАО, Барса го држи чекорот со врвот

сподели
euroleague.net

Низата од четири победи на грчкиот шампион заврши, во Блауграна. Барселона триумфираше во големото дерби со 98:86 и остана на еден бод негатива од лидерот н табелата Анадолу Ефес.

За доминацијата на каталонскиот клуб на овој меч најдобро зборува податокот дека Панатинаикос ниеднаш не се најде во водство, а најблиску што успеа да се доближи до ривалот беше два поена негатива, во повеќе наврати.

Никола Миротиќ повторно блескаше, постигна 23 поени и 7 скока, а значаен придонес во победата имаа Дилејни и Дејвис кои реализираа 17, односно 12 поени. Кај ПАО, Џимер Фридер беше прв стрелец со 19 поени.