ПОЧЕТНА ЕВРОПА Крај на приказната: Ништо од Гасол!

Крај на приказната: Ништо од Гасол!

сподели
Lakers nation

Најтрофејниот шпански кошаркар на сите времиња претстојната сезона нема да игра во дресот на Барселона иако тоа беше и негова и желба на сите во клубот.

Претседателот на Барса, Жосеп Марија Бартомеу дефинитивно ја отфрли секоја можност за соработка и тоа го објави на клупската телевизија.

„Пау Гасол многу ни помогна, тој е амбасадор на Барселона и достојно не презентира во САД. Во овој моментов клубот не може да го плати толку колку што вреди и затоа договор меѓу нас е невозможен“, изјави Бартомеу.

Гасол наполни 40 години на 6 јули, а не одиграл ниеден натпревар од 10 март 2019 година. Оттогаш доживеа две операција на левото стапало поради што не настапи во ланскиот НБА плеј-оф и на Светското првенство во Кина каде Шпанија ја освои шампионската титула. Желба му беше да ја заврши кариерата со настап на Олимписките игри во Токио кои се одложени за идното лето, но со оглед на тоа што уште нема клуб, тоа засега изгледа невозможно.