ПОЧЕТНА Европски лиги Крај на доминацијата на Фенер, Ефес по 10 години е шампион на...

Крај на доминацијата на Фенер, Ефес по 10 години е шампион на Турција

сподели
фото: Anadolu Efes

Најтрофејниот турски кошаркарски колектив стигна до својата 14-та титула во домашното првенство, прва по пауза од една деценија.

Во седмиот натпревар од финалната серија Анадолу Ефес го совлада Фенербахче со 89:74 и му ја прекина серијата од три шампионски трофеи. Убедливо најдобар играч на мечот беше Шејн Ларкин кој постигна 38 поени, Мициќ додаде 20, а кај Фенербахче, Слукас реализира 21.

Оваа сезона Анадолу Ефес се покажа кобен за Фенербахче бидејќи освен што го совлада во финалето од плеј-офот, го елиминира и во полуфиналето од Евролигата.

Екипата предводена од Жељко Обрадовиќ остана на 12 шампионски трофеи, сега два помалку од својот градски ривал.