ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув и со пет играчи пресилен за ФМП

Кожув и со пет играчи пресилен за ФМП

сподели

Барем 24 часа гевгелискиот прволигаш ќе биде првопласиран на табелата во македонското кошаркарско првенство со што овој клуб ќе се потсети на деновите од не така далечното минато кога беше и вицешампион во нашиот шампионат.

Пред своите навивачи Кожув ја совлада Академија ФМП со 87:78 за шести триумф оваа сезона. До него стигна со петмина кошаркари на чии плеќи падна најголемиот товар. На теренот се појавија десетмина, но резервните играчи постигнаа вкупно два поена, а само еден од нив имаше позитивен индекс.

Натпреварот го одбележаа Зданавичиус и Мареро. Првиот постигна 31 поен и беше убедливо најефикасен на мечот, а вториот покрај 18-те поени оствари уште 25 скока што е веројатно рекорд во македонското првенство. Харис ја предводеше Академија ФМП со 21 поен, но против својот поранешен тим се истакна и Нацевски кој постигна 14 поени, 8 скока и 7 асистенции.