ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув го испушти шампионот, но се истури на Кале

Кожув го испушти шампионот, но се истури на Кале

сподели

Засилениот гевгелиски прволигаш ја оствари првата победа во новата сезона откако во воведното коло за малку не успеа да го совлада МЗТ Скопје. Гевгеличани славеа на гости кај Вардар со 64:85 истурајќи го сиот гнев врз „црвено-црните“.

Екипата од Кале го претрпе и вториот пораз, двата на домашен терен бидејќи во првиот круг загуби од Еуроникел. Шансата за првата победа, иако нема да биде воопшто лесно, ќе ја бара идниот викенд против вториот тим на МЗТ Скопје.