ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Котизацијата останува, тестовите на товар на Федерацијата

Котизацијата останува, тестовите на товар на Федерацијата

сподели
фото: kfsm.mk

Комесарот за натпреварување го презентира протоколот за организација на првенствени натпревари од страна на федерацијата во вонредни ситуации настанати поради вирусот ковид-19, во сите рангови на натпреварување за сезоната 2020/2021.

КФСМ ќе ги покрие трошоците на екипите за задолжителното тестирање од вирусот ковид-19, кое треба да биде извршено на 72 часа пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Клубовите се согласиле дека тоа плаќањето на котизацијата за учество во лигата е нивна обврска.

Доколку Агенцијата за Спорт и млади обезбеди посебни, наменски средства до федерацијата за котизација, истите ќе бидат распределени до сите екипи, членки на Првата лига – мажи.

Ова го објавиле од КФСМ, а пренесува Sport1.