ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Костоски уште две години во дресот на Гостивар

Костоски уште две години во дресот на Гостивар

сподели

Поранешниот македонски репрезентативец е првиот кошаркар кој ја продолжи верноста кон својот клуб.

Александар Костоски потпиша нов, двегодишен договор со Гостивар чиј член стана зимата 2019 година. Во досегашниот период беше еден од најдобрите во екипата што не е изненадување ако се има неговиот рејтинг, односно искуството стекнато во Македонија и странство.

Од ланскиот состав договор со Гостивар имаше само американскиот плејмејкер Донован Доналдсон.