ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кошаркарските клубови ќе протестираат пред Владата!

Кошаркарските клубови ќе протестираат пред Владата!

сподели
КФСМ

Откако никој не ги слушна нивните досегашни барања, кошаркарите, заедно со ракометарите, се одлучија за нова форма на протест.

Во соопштението што го испратија, тие ги претставија своите следни чекори. Соопштението го пренесуваме во целост.

„Ракометните и Кошаркарските клубови од понискиот ранг на натпреварување го продолжуваат својот бојкот во сениорските и млади категории поради недобиените ваучери од страна на АМС.

На 03.11.2019 г. (недела) во 12 часот своите натпревари ќе ги продолжат пред владата во форма на мирен протест под мотото ‘Политиката надвор од спортот’. На протестот ќе земат учество членовите и играчите на сите Ракометни и Кошаркарски клубови кои не добија ваучер од целата држава.

Воедно, ги повикуваме сите поддржувачи и љубители на спортот, клубови од највисокиот ранг и преставници на ракометната и кошаркарска федерација да ја дадат својата подршка со активно учество на самиот протест.

Спортски поздрав Ракометни и Кошаркарски клубови“