ПОЧЕТНА ЕВРОПА Корона вирусот влезе во Партизан!

Корона вирусот влезе во Партизан!

сподели
фото: KK Partizan

Центарот на поранешниот европски шампион Никола Јанковиќ е позитивен на ковид-19, објави српскиот клуб.

Тој немал никакви симптоми, но по потврдата на присуство на вирусот е изолиран, според инструкциите на лекарите. Јанковиќ направи тестирање, а резултатите биле позитивни поради што сите во клубот ќе мораат да се проверат.

Интересно е тоа што кошаркарот бил и на вечното фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда минатата недела каде се поздравувал со навивачи. Играше и на прошталниот меч на Дејан Милојевиќ во организација на Мега, како дел од екипата во која настапија играчи кои порано ги тренирал овој стручњак. На тој натпревар, меѓу другите, без присутни и Никола Јокиќ и Новак Ѓоковиќ.