ПОЧЕТНА ЕВРОПА Конечно, победа на Хувентуд

Конечно, победа на Хувентуд

сподели

Дури во петтиот официјален натпревар оваа сезона, каталонскиот клуб го оствари првиот триумф.

По трите порази во АЦБ лигата и еден во Еврокупот, Хувентуд ја совлада Бреша во натпреварувањето на УЛЕБ со 81:68. Италијанците беа нешто подобри во првото полувреме, но во второто шпанската екипа направи пресврт и дојде до двата бода.

Ненад Димитријевиќ помина на теренот речиси 16 минути и за тоа време постигна два поена од единствениот шут кон противничкиот кош. Додаде и една асистенција и една украдена топка.

Најефикасен во неговиот тим беше Клемен Препелиќ со 24 поени, третина од нив од линијата за слободни фрлања.