ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Конечно, најдовме лек за Бугарите

Конечно, најдовме лек за Бугарите

сподели
КФСМ

По три порази во подготовките, македонската младинска репрезентација оствари победа против селекцијата на нашиот источен сосед.

Во еден од последните контролни дуели нашите млади кошаркари славеа со 68:74, најмногу благодарение на одличната последна четвртина.

Натпреварот беше многу сличен на првиот, одигран во Благоевград пред помалку од 24 часа. Бугарите почнаа многу подобро, ги искористија нашите грешки и на полувреме водеа со 41:32 иако во текот на втората четвртина Македонија дури и се најде во водство (27:28).

Предноста на домашната репрезентација беше и +13 (46:33), но избраниците на Дарко Радуловиќ повторно покажаа карактер со тоа што сега направија целосен пресврт. На шест минути пред крајот беше 61:57 за Бугарија, но нашите затворија со 17:7 и дојдоа до победата.

Со ова е завршена турнејата низ Унгарија и Бугарија која траеше една недела и младинската репрезентација ќе ги финишира подготовките пред Европското првенство Б-дивизија кое почнува на 12 јули во Матосињос, Португалија.