ПОЧЕТНА ЕВРОПА Конечна одлука на АБА: Нема шампион, нема испаѓање, лигата ќе се прошири!

Конечна одлука на АБА: Нема шампион, нема испаѓање, лигата ќе се прошири!

сподели

По неколкучасовна жестока дебата, претставниците на клубовите-учесници во АБА лигата одлучија да го прекинат натпреварувањето, односно да не ја довршат сезоната.

Првпат во дведецениското постоење на ова натпреварување нема да има шампион затоа што остатокот, односно последното коло од основниот дел и целиот плеј-оф нема да се доиграат. Такво нешто беше најавено пред два дена, кога Евролига одлучи на идентичен начин да стави точка на актуелната сезона.

Неофицијално, за довршување на сезоната гласале само три клуба: Морнар, Будуќност и Партизан, а останатите биле против. Дебатата била најжестока кога се одлучувало дали треба да биде прогласен шампион во вакви услови. Партизан инсистирал да биде крунисан во првак, но го поддржал само уште еден клуб. Осум гласале за прекин со проширување на лигата, без шампион, а Цедевита и Будуќност имале други предлози.

На крајот е заклучено да нема шампион, лигата да биде прекината и идната сезона да брои 14, место сегашните 12 учесници. Во елитната конкуренција ќе влезат Борац Чачак и Сплит.