ПОЧЕТНА ЕВРОПА Колективот на Будуќност подобар од индивидуалците на Звезда

Колективот на Будуќност подобар од индивидуалците на Звезда

сподели
mondo.rs

Двете екипи покажаа завидна ефикасност во дербито, шутираа со над 50% од поле, но Будуќност имаше повеќе расположени кошаркари.

Петмина постигнаа двоцифрен број поени, најефикасен беше Мартин со 17 поени, Кобс додаде 16, а во нивно друштво беа уште Шеховиќ, Николиќ и Ивановиќ. Звезда го имаше најефикасниот Гист со 27 поени, но останатите беа далеку зад него.

Според индексот најдобар е американскиот крилен центар во редовите на Звезда, но неговиот учинок не донесе победа. Многу повреден за својот тим беше Хасан Мартин кој освен 17-те поени, оствари и 4 скока и 3 асистенции.