ПОЧЕТНА ЕВРОПА Кокошков славеше во турското дерби, ЦСКА во олд-скул пресметката

Кокошков славеше во турското дерби, ЦСКА во олд-скул пресметката

сподели
euroleague.net

Составот на Фенербахче го совлада Анадолу Ефес со 71:80 во истанбулската класика во Евролига, (актуелниот европски шампион) ЦСКА Москва победи против (поранешниот) Макаби со 76:72, Валенсија кај Реал со 77:93.

Панатинаикос му е домаќин на Олимпијакос, во рамките на вториот ден од втората рунда, во елитното натпреварување. Останатите средби се Звезда – Басконија, Зенит – Барселона, Химки – Жалгирис, Алба – Баерн и Олимпија – АСВЕЛ.