ПОЧЕТНА СВЕТ Кокошков го напушти Сакраменто!

Кокошков го напушти Сакраменто!

сподели

Актуелниот српски селектор ја заврши својата досегашна епизода во НБА лигата за официјално да го отвори новото поглавје во кариерата.

Сакраменто Кингс објави дека Игор Кокошков го напуштил кампот на овој тим во Орландо и заминал во Истанбул каде треба да ги почне подготовките за новата сезона со новиот клуб Фенербахче.

„Сакам да му честитам на Игор за промоцијата за прв тренер во Фенербахче и да му се заблагодарам за посветеноста на Кингс. Беше многу значаен член на мојот тренерски штаб и имаше способност да ги инспирира и мотивира кошаркарите. Му посакувам се најдобро“, изјави тренерот на Сакраменто Кингс, Лук Волтон.

Кокошков дојде во франшизата од Калифорнија минатото лето откако една година беше прв тренер на Феникс Санс. Во текот на сезонава беше назначен и за селектор на српската репрезентација, функција која ќе ја извршува и во иднина, паралелно со тренерската во Фенер. Има 20-годишно искуство во НБА лигата и титула европски шампион од последното континентално првенство, пред три години, со селекцијата на Словенија.