Македонија ја прегази Естонија со 92:57 и се пласира во полуфиналето на европското првенство во Б дивизијата, што се одржува во романскиот град Орадеа. Пропозициите велат – првите три репрезентации на шампионатот, ќе добијат место во А дивизијата.
Го чекаме противникот во полуфиналето, а тоа ќе биде селекцијата на Израел, којашто единствена покрај нашите момчиња имаше 5 победи по 5 кола во групната фаза, или селекцијата на Шведска.
Ако победиме во полуфинелто, веќе имаме билет за А дивизијата како една од најдобрите две селекции на првенството. Ако загубиме, ќе ни треба победа во мечот за третата позиција, за последната шанса за елитата.