ПОЧЕТНА Некатегоризирана Кој не може да ги победи Американците?

Кој не може да ги победи Американците?

сподели
Washington Post

И најсилните титани на сите времиња имале слаби точки, прашајте го Голијат кој бил совладан со камен од малиот Давид. Селекцијата на константно најсилната кошаркарска земја во историјата, си доби една таква лекција.

Австралија губеше двоцифрено, но победи против „комбинираниот“ и не-најсилен НБА состав на САД, со 98:94 во рамките на подготовките за претстојното СП, што ќе се игра во 8 града во Кина од 31-ви август до 15-ти септември со кулминација – финале во Пекинг.

Ова е натпревар што нема никакво компетитивно значење, но пораката е јасна – тие се ранливи, а австралиската не (беш)е во редот на „најдобрите“ репрезентации на хартија. Со оваа победа, кенгурите испратија два сигнала – ќе се вмешаат за највисок пласман и ја открија ахиловата пета на гигантот.

rezultati.com

По 78 натпревари, официјални за нивната селекција, Американците почувствуваа пораз. Последен пат загубија во полуфиналето во Јапонија на СП 2006-та од Грција, по што ја освоија бронзата и се разлутија – газеа се пред себе повеќе од една деценија.

Во тек е 13-та година од тој загубен меч, ќе им биде ли баксузна бројката?