ПОЧЕТНА НБА Кој ги спои Леброн и Дејвис, односно го избрка Волтон од Лејкерс?

Кој ги спои Леброн и Дејвис, односно го избрка Волтон од Лејкерс?

сподели
12up

Двата суперстара следната сезона ќе настапуваат заедно, во најгламурозната НБА франшиза. Имаат нов тренер, Френк Вогел. Сите овие пермутации, се дело на еден човек кој што делува(ше) во позадина, но станува се посилен и на фронтот.

Рич Пол е долгогодишен пријател на Леброн Џејмс, актуелен негов и менаџер на Ентони Дејвис, односно Бен Симонс, Џон Вол, Дрејмонд Грин, или вкупно 23-ца кошаркари. Преку неговата агенција Клач Спортс (Klutch Sports Group), Пол е моментално највлијателниот аутсајдер во НБА.

Според медиумскиот магнат Форбс, споменатиот агент свртел и испреговарал договори вредни 624 милиони американски долари, во актуелниот меѓусезонски период. Неговото лице се најде на насловната на Спортс Илустрејтед, за што во долга редица чекаат далеку пофамозни ликови.

Пол и Леброн се сретнале случајно, кога во 2002-та сега агентот му продал ретро дрес на тогаш средношколецот. По драфтот 2003-та, Џејмс го замолил Пол да влезе во неговиот потесен круг на бизнис пријатели, поради вештините што ги има. Останатото е историја… и сегашност…