ПОЧЕТНА СП 2019 Кои се најголемите млади ѕвезди на мундијалот во Кина?

Кои се најголемите млади ѕвезди на мундијалот во Кина?

сподели
FIBA

Ова се младите кошаркари, кои што се дел од селекциите што се натпреваруваат на светското првенство што се одржува во Кина. Издвоени од страна на ФИБА, тоа се ѕвездите во подем, сите имаат или се помлади од 21 година:

FIBA

Џејсон Татум е едне од лидерите на САД. Игра во Бостон Селктикс. Веќе има титули со неговата репрезентација, на младинските Сп во 2014 (У17) и 2015 (У19).

FIBA

Руи Хашимура е првиот јапонски кошаркар избран на драфтот во НБА лигата, игра за Вашингтон Визардс.

FIBA

Џош Окоги е дебитант за Нигерија на сениорските светски првенства, играше за селекцијата на САД на У19 мундијалот.

FIBA

Франк Нтиликина беше победник на У16 и У18 европските првенства со Франција, МВП на второто (2016), игра за Њујорк Никс.

FIBA

Дино Радончиќ веќе играше на големо натпреварување за Црна Гора, на ЕП 2017. Има 20 години. Израсна во Реал Мадрид, сега игра за Мурсија во АЦБ лигата.

Останатите што се издвоени се Диди Лузада и Јаго Матеус од Бразил, Александар Балчеровски до Полска, Максимо Флејеруп од Аргентина, Џордан Нвора од Нигерија, Ендрју Нембхард од Канада, Григори Мотовилов од Русија, Ави Шафер од Јапонијаи Абрахам Сие.