ПОЧЕТНА СВЕТ Кои НБА екипи ќе почнат со тренинзи?

Кои НБА екипи ќе почнат со тренинзи?

сподели
Dallas Mavericks

Лигата реши да им дозволи на играчите да се вратат на паркетите, а подоцна тоа ќе се одобри и за екипите, но франшизите имаат право на избор кога да почнат со спроведување на активностите и враќање во нормала.

Први што најавија отворање на своите сали, се Портланд, Денвер и Кливленд. Други тимови најавија дека ќе отворат следната седмица. Хјустон сакаше да отвори, но во оваа федерална држава (Тексас) има забрана до 18-ти мај.

Останатите, најавија дека не им се брза со отворање на објектите. Меѓу нив се Лејкерс кои се најгласни за продолжување на сезоната и Далас, од каде изјавија дека не се во можност да ги тестираат играчите без симптоми.