По трилер вториот натпреварувачки ден во рамките на второто коло, уште шест репрезентации обезбедија пласман во втората фаза по групи и најмалку учество на квалификацискиот олимписки турнир, ако не се пласираат директно за Токио 2020. Останаа уште 4 слободни места.
Тоа се Бразил, САД, Австралија, Франција, Литванија и Доминиканската Република. Полска, Аргентина, Русија, Србија, Италија и Шпанија први букираа билети за втората фаза по групи. Сите овие репрезентации забележаа по две победи во првите две кола, на шампионатот во Кина.
Една група веќе е формирана – Франција, Доминиканска Република, Литванија и Австралија ќе играат во друштвото Л, за првите две позиции што водат во 1/4 финалните соочувања. Шпанија, Србија и Италија во групата Ј чекаат уште еден протиовник, а САД и Бразил чекаат уште два во групата К.
Резултатите се пренесуваат, селекциите играат против оние со кои не се соочиле во првиот круг.
Резултати 2 коло:
Австралија – Сенегал 81:68
Црна Гора – Нов Зеланд 83:93
Јапонија – Чешка 76:89
Германија – Доминиканска Р. 68:70
Литванија – Канада 92:69
Бразил – Грција 79:78
Јордан – Франција 64:103
САД – Турција 93:92
Србија – Филипини 126:67
Италија – Ангола 92:61
Венецуела – БС Коска 87:71
Нигерија – Аргентина 81:94
Тунис – Иран 79:67
Ј. Кореа – Русија 73:87
Порторико – Шпанија 63:73