ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Кога Нено погодува, мора да е атрактивно…

(ВИДЕО) Кога Нено погодува, мора да е атрактивно…

сподели
фото: Club Joventut Badalona

Хувентут дојде до петтата победа во низа во шпанското првенство и од екипа во зоната за опстанок, дојде до плеј-оф позиција.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше нешто под својот просек оваа сезона, но сепак доволно за да учествува во победата на својот тим која дојде оо драматичниот финиш.

Пет од седумте поени, Хувентут ги објави на Твитер профилот бидејќи беа мошне атрактивни. На три минути пред крајот на третата четвртина постигна кош со положување откако направи слалом низ противничката одбрана, а во последниот напад од истиот период погоди тројка од десетина метри.