ПОЧЕТНА СП 2019 (ФОТО) Богдановиќ се врати од Кина, мајка му му подготви специјално изненадување

(ФОТО) Богдановиќ се врати од Кина, мајка му му подготви специјално изненадување

сподели
FIBA

Најдобриот стрелец на Светското првенство стигна дома на краток одмор пред да се приклучи на подготовките на Сакраменто Кингс, а неговата мајка се погрижи да се чувствува уште поубаво.

Со балони му ја направи бројката 183, точниот број на постигнати поени на Мундобаскетот во Кина.

„Кога мајката ќе направи изненадување за синот“, напиша Богдановиќ на социјалните мрежи.

Освен што беше најдобар стрелец на Светското првенство, српскиот репрезентативец доби место и во идеалната петорка.