ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кога ќе грмне Митето…

Кога ќе грмне Митето…

сподели

Не постои тренер во европската кошарка кој не е бесен кога неговиот тим ќе прими 33 поени во една четвртина.

Исклучок не е ни Димитар Мираковски кој е на почетокот на својата тренерска кариера. Работнички очајно го почна мечот со Динамо, губеше со 14:33 по 10 минути игра и Мите полуде.

„Изиграјте барем 5 минути, изгинете на терен, не барам ништо повеќе.” – викаше Мираковски.

Играчите го послушаа, вториот период го почнаа со серија од 11:0 и се врати неизвесноста во натпреварот која траеше до средина на последната четвртина.