ПОЧЕТНА ЕВРОПА Кога е најпотребно, тука е капитенот!

Кога е најпотребно, тука е капитенот!

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Втор натпревар по ред во АБА 2, лидер на МЗТ Скопје на теренот е оној од кого најмногу се очекува тоа и на кој природно му следува таа „функција“.

Дамјан Стојановски беше МВП на претходното коло затоа што играше одлично против Рогашка. Во ова нема да биде најкорисен играч, но тоа и не е важно бидејќи има најголеми заслуга за победата против директниот ривал за пласман во елитата Борац.

Ги одигра сите 40 минути бидејќи мораше, Ѓорѓи Кочов го немаше на располагање Марко Симоновски, па и немаше замена за Дамјан. Капитенот заврши со 16 поени и 7 скока за индекс 23.

И покрај изданието на Стојановски, не смее да се заборави придонесот на другите кошаркари во тимот. Пред се на Бојан Крстевски кој повторно имаше блесок од сенка. За 27 минути постигна 11 поени со само едно промашување од игра, а додаде и 12 скока за дабл-дабл.

Но, во целата еуфорија поради билансот 4/4 на МЗТ Скопје и една работа која може да го загрижува Кочов: малата ротација. Против Борац играа само осуммина кошаркари, а следуваат тешки гостувања, прво кај Гостивар, потоа кај Сутјеска.