ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Заслуживме да славиме, оваа титула нема ништо да смени

КОЧОВ: Заслуживме да славиме, оваа титула нема ништо да смени

сподели

Стратегот на МЗТ Скопје финишира со најпосакуваната награда, а тоа е големиот пехар во македонската кошарка. Зад него останува исклучително напорна сезона, во која што тој и неговиот клуб одолеаја на сите предизвици.

Беа омаловажувани, исвиркувани, навредувани, но целта и стратегијата што ја има(ше) МЗТ Скопје се покажа како успешна и се докажа дек аво секој спорт, а со тоа и во кошарката, треба да се размислува на долги патеки.

„Имавме напорна сезона, одигравме преку 70 натпревари со пријателските, за малку ова ќе беше фантастична сезона ако успеевме во намерата да влеземе во АБА лигата.

Бевме добар репрезент на Македонија во регионалното натпреварување, ова е круна на нашата работа. Благодарност до играчите, до управата, до стручниот штаб, до администрацијата, до лекарската екипа, до сите во МЗТ Скопје.

Голем респект и за екипата на Работнички, но мислам дека заслуживме да се радуваме на крајот на првенството.

Не знам како и што ќе се планира за следната сезона, јас би знаел во кој правец треба да се движиме, но овој клуб има управа што одлучува за тоа. Прво ќе седнеме да разгиовараме, па ќе видиме.

Кошарката денеска, по оваа титула, ја гледам исто како и вчера и завчера, и во август. Ова нема ништо да смени, ништо не смее да не залаже, ние треба да се движиме по нашиот пат.“ – изјави Кочов за basketball.mk.