ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кочов се израмни со Докузовски, ама Рајковиќ е далеку пред сите

Кочов се израмни со Докузовски, ама Рајковиќ е далеку пред сите

сподели

Тренерот на МЗТ Скопје ја освои првата шампионска титула во својата кариера, како шеф на стручен штаб на сениорска екипа.

Ѓорѓи Кочов сега е еден од најмладите кои се закитиле со трофејот од македонското кошаркарско првенство, а задоволството е поголемо бидејќи станува збор за домашен стручњак, на почетокот од својата професионална кариера.

Александар Јончевски

До првата титула тој стигна на 34 години и се израмни со Марин Докузовски кој на иста возраст (во 1995 година со Работнички) првпат триумфираше во домашниот шампионат.

За малку го „помина“ Александар Јончевски кој имаше навршено 35 години кога пред три сезони ја освои титулата со МЗТ Скопје.

Емил Рајковиќ слави титула со Фени

Сепак, далеку пред сите нив е Емил Рајковиќ, човекот што почна да освојува титули како тренер пред да наполни 30 години.

Во 2008, четири месеци пред да влезе во четвртата деценија од животот, тој стигна до првиот шампионски трофеј со Фени Индустри, за потоа да освои уште два. Во моментов тој е трет најуспешен тренер во македонското првенство, по Марин Докузовски и Стерули Андоновски.