ПОЧЕТНА ЕВРОПА КОЧОВ: Ова е духот што ни требаше!

КОЧОВ: Ова е духот што ни требаше!

сподели
фото: Spars/Merjem Berbic

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром секогаш сака да остане приземен и натпреварите ги гледа само како еден чекор понатаму, што е нормално, особено на стартот на една сезона, но не можеше да го скрие задоволството од триумфот во Сараево.

„Среќни сме што во првиот гостински меч остваривме победа. Минатата сезона, во АБА 2 лигата, се мачевме повеќе од еден цел месец да дојдеме до победа на гостински терен. Им честитам играчите пред се на борбеноста.“ – изјави, Кочов по мечот.

МЗТ Скопје Аеродром има две победи во првите два меча во АБА 2 лигата, против Слобода дома (110:88) и против Спарс во Сараево (65:77). Следниот предизвик е првото коло од домашниот шампионат (12.10.2019).